Поликлиника со специјалистички ординации по гинекологија и акушерство и биохемиска лабораторија

Закажи преглед

Овулација  -процес на скриени моки Не само процес на правење БЕБЕJ – Copy

Оваријалните хормони естроген и прогестерон се од голем бенефит за здравјето на една жена.Тоа значи дека природен овулаторен менструален циклус е од голема корист за здравјето бидејки овулацијата е единствен начин кој овозможува производство на хормонот прогестерон.

Мажите произведуваат тестостерон на секојдневно ниво.Можеби сте мислеле дека и со жените се случува исто?Но не,не е така.Всушност жените произведуваат хормони со пик на естрадиол кој води до овулација и поголем пик на прогестерон после овулација.Тоа е еден елегантен природен процес кој понекогаш резултира со бебеJ

Дури и кога овулацијата не резултира со создавање на ембрион сеуште како процес има огромна вредност  бидејки регуларните овулации создаваат значајни хормони од кои што телото има апсолутна потреба

БЕНЕФИТИ ОД ОВУЛАЦИЈА

Секоја месечна доза на естроген(естрадиол)придонесува за инсулинска сензитивност,долгорочна корист за коските,мозокот и кардиоваскуларниот систем.Секоја месечна доза на прогестерон ја намалува инфламацијата,регулира имунолошка функција и ја поддржува тироидната жлезда,коските и градите.Бенефитите од оваријалните хормони се обострани и краткорочни(правејки ја жената посилна) и долгорочни преку креирање на метаболна резерва и долгорочно здравје.Познатиот Канадски професор ,репродуктивен ендокринолог Jerilynu Prior истражил дека ‘користа од 35-40 години овултаорни циклуси кај жените не е само плодност туку и во превенцијата на остеопороза,мозочни удари ,деменција,срцеви болести и карцином на града‘.Според тоа секоја овулација е како месечен депозит во банката долгорочно здравје.Овулаторните циклуси се како *креатори* на добро здравје.Во исто време се и ‘индикатори‘на добро здравје бидејки кога ние сме здрави овулацијата се случува регуларно.Кога не сме здрави на некој начин,отсуството на овулација ни кажува ништо.

Во 2015 год.Американскиот Колеџ на Обстетричари и Гинеколози заедно со Америчката Академија на Педијатри утврдија став ‘Менструалните циклуси користете ги како витален знак .Потребно е да се советуваат девојчињата и адолесцентите да се советуваат да водат бележници за своите циклуси.На тој начин ке им се покаже на пациентите дека менструацијата е рефлексија значајна за нивното севкупно здравје.

Постојат три главни причини  Зошто жените не овулираат?

   1.Хормонални контрацептивни пилули (bird pilulls)

Х.К.Л ја стопираат овулацијата(што е и нивна цел).Оваријалната функција е во мирување а естрогенот и прогестеронот се заменуваат со контрацептивни лекови како етинилестрадиол и левоноргестрел.

Физиолошката разлика меѓу нашите природни хормони и контрацептивните лекови од пилулите за контрацепција ги афектира скоро сите системи во нашето тело.

  2.Потхранетост и недостаток на јагленхидратен внес

Губиток на овулацијата и менструалните циклуси поради потхранетост уште се вика хипоталамична аменореа.Тоа не е пореметување туку паметна ,адаптивна одлука на мозокот да паузира репродукција кога нема доволно храна за да безбедно се направи бебе.

  3.ПЦОС(Полицистичен оваријален синдром)

Примарен фактор за отсуство на овулации кај ПЦОС е инсулинска резистентност или висок инсулин кој може успешно да се изрегулира со диета и вежби како и природни суплементи-миоинозитол)

 Совет=Пред да започнете со било каква рестриктивна дита за ПЦОС ,водете сметка да дијгнозата не е поставена врз основа само на УЗ(ПЦОС не може да се дијагностицира само од УЗ).

Заклучок: Овулацијата како процес е значајна и како индикатор и како креатор на добро здравје кај жената

Др Марија Коцева ПЗУ Др.Ложанковски

Споделете со пријатели:

Facebook
Twitter

Предходни објави