Поликлиника со специјалистички ординации по гинекологија и акушерство, педијатрија и биохемиска лабораторија

Закажи преглед

НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ ВО ТЕК НА БРЕМЕНОСТ

Бременоста  е период во текот на кој доага до развој на нов организам во телото на мајката .Се случуваат нормални физиолошки промени како и промени во телото кои се повише или помалку изрзени кај секоја трудница индивидуално.Бременоста трае околу 280 дена т.е 40 гестациски недели.

Најпрвиот симптом дека можеби дошло до зачнување (бременост)е отсуство на менструален циклус.Но за жал несекоја жена има регуларни менструални периоди.Постојат и неколку други чести знаци кои може да укажат на рана бременост.

  +Мачнините и повраќање се еден од најчестите симптоми за жените во прв триместар од бременсота.Повеќе од една третина од жените ќе искусат гадење и мачнини а многу и повраќање.Овие симптоми може да се пропратени и со аверзија спрема некои храни.Не е точно утврдено која е биохемиската причина за овие симптоми иако според некои теории се смета дека покачените серумски нивоа на хормонот БХЦГ може да се поврзе со овие тегоби

  +Стврднати и болни гради се јавуваат поради задршката на течности како и пораст на големината на млечните жлезди.

  +Замор и поспаност се најчестите поплаки во рана бременост последица на зголемените серумски нивоа на хормонот прогестерон.Најчесто после завршување на првиот триместар овие симптоми се повлекуваат.

  Прогестеронот кој се лачи во големи концентрации во тек на бременоста од страна на постелката прави релаксација на мазните мускули во телото што води до многу од симптомите кои бремените жени ги искусуваат.

  +Често мокрење е исто така симптом во рана бременост последица од релаксирани мускули на уринарен тракт .Како напредува бременоста чести знаат да бидат и уринарните инфекции поради кои пациентката има често мокрење ,печење при мокрење

  +Запек(констипација) и гасови во абдомен се последица на релаксираните цревни мускули .Овие симптоми може уште повеке да се влошат ако се земаат зелезни суплементи во тек на бременоста кои често се неизбежни.

  +Болки во нозете т.е мускулни грчеви во потколеница особено се јавуваат во текот на ноќта најчесто последица од намалени резерви на минерали (Магнезиум).

  +Отоци во зглобови ,раце,лице почести се во втор триместар од бременост поради задршката на течности и успорена циркулација како и хипопротеинемија(намалена концентрација на плазма протеини).

  +Отечени и крваречки гингиви и назална конгестија(затнат нос )се последица на зголемениот проток на крв низ мукозните мембрани во носот и устата.

  +Пигментација на кожата најлесто по средишната линија која го поврзува папокот со пубичната коска ,околу брадавиците од градите и на лицето (посебно челото или јаболчниците).

Сите овие телесни промени кои се случуваат рано во бременоста се последица на зголемените нивоа на хормони во бременоста посебно прогестеронот и естрогенот,додека подоцнежните промени се главно од анато0мска природа и се предизвикани од механичкиот притисок од зголемениот утерус.

Нормалните физиолошки промени до кои доага во бременоста се зголемување на вкупниот волумен на крв и вкупна маса на еритроцити(црвени крвни клетки) во различен процент.Поради таа дискрепанца доага до релативна хемодилуција или т.н физиолошка анемија во бременост која го достигнува пикот до 32 г.н.

Вкупен број на леукоцити (бели крвни иклетки) е зголемен,лимфоцитите по број се константни но нивната функција и клеточно посредувануиот имунитет  се значително намалени што доведува до намалена отпорност кон вирусни инфекции (затоа се чести вирозите во бременоста,како и алергиските реакции).Бременоста е физиолошки хиперкоагулабилна состојба (повеќето од факторите на хемостаза се зголемени) и ризокот од тромбози е зголемен,додека бројот на тромбоцити(црвени крвни плоцки)е физиолошки намален.

Големи промени се случуваат и во кардиоваскуларниот и респираторниот систем.Поради вкупно зголемениот крвен волумен срцето е принудено да испумпува многу поголема колицина на крв па чести се и тахикардии.(убрзана срцева работа).Како расте матката ја поткрева дијафрагмата нагоре па жената може да има чувство на краток здив што не значи дека нема доволна количина на воздух и оксигенација.

Чести се и промените во расположение кај трудниците и несоници кои покрај хормоналниот фактор може да се поврзат и со стравовите кои се јаввуваат кај трудницата кои се природни поради новата состојба во која се наоѓа и предизвиците кои таа ги носи.

Во тек на бременоста се препорачува здрава и балансирана исхрана(храна богата со протеини,влакна како и изобилие од овошје и зеленчук) .Живо и неприготвено месо,млади сирења како и морска храна подобро да не се употребуваат поради тоа што се потенцијални извори на Listeria и Salmonella.

Oд суплементи препорачуваме пред забременување како и во тек на првиот триместар од бременоста фолна киселина од 400 микрограма  се до 12 г.н  бидејки постојат научни докази дека со употѕребата на фолна киселина се намалува ризикот од појава на дефекти на неурална туба.Кај жени кои имаат поголем ризик (претходно родено дете со дефект на неурална туба,со епилепсија,дијабет или гојазни)се препорачува дневна доза од 500 микрограма.

Употребата на железни суп0лементи не е задолжителна туку по индикација(доколку имаме ниски серумски нивоа).

Споделете со пријатели:

Facebook
Twitter

Предходни објави