Поликлиника со специјалистички ординации по гинекологија и акушерство, педијатрија и биохемиска лабораторија

Закажи преглед

За нас

Нашата приказна започнува во 2005 година со формирање на еден тим од гинеколог со медицинска сестра. Вашата доверба дополнета со нашата посветеност во грижата за здравјето, допринесе за постепен раст со зголемување на бројот на гинеколошки тимови

Споделувајќи ја радоста со Вас при формирањето на нов живот, основањето на нови семејства или пак проширувањето на постоечките, нѐ поттикна да основаме педијатриска единица која ќе ја продолжи грижата за новите мајки и секако развојот на најмладата популација. Работењето со најосетливата популација – трудници, мајки и деца, и потребата за брзо дијагностицирање на состојбата, допринесе за основање на уште еден оддел – биохемиска лабораторија. Така нашата приказна во моментов брои неколку тимови на гинеколози, педијатри и биохемичари, вкупно околу 16 вработени. Зголемувањето не само на бројот на нашите пациенти, туку и на бројот на здравствени работници во поликлиниката е само уште една потврда за нас дека сме тим чија основна мисија е да се грижи за здравјето на своите пациенти.

И да, убаво е чувството кога мајката го запознава своето дете со гинекологот кој неодамна го следел неговиот развој на црно-бел екран. Тоа е уште една од низата причини за кои постоиме. И затоа сме Ви благодарни