Поликлиника со специјалистички ординации по гинекологија и акушерство и биохемиска лабораторија

Закажи преглед

Глобалната кампањa за подигнување на свесностa за ракот на дојка

Со почетокот на октомври, официјално започнa глобалната кампањa за подигнување на свесностa за ракот на дојка, кој кај женската популација претставува најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт во светски рамки!

🚺Илјадници жени годишно го губат животот од рак на дојка, а голем дел од нив можеме да ги сочуваме со самоедукација, редовни прегледи, препознавање на симптомите и навремена дијагноза и третман!

Драги наши пациентки, ви благодариме на вашата доверба и лојалност, но истовремено ве охрабруваме за сите ваши прашања и дилеми на темава да се консултирате со нашиот тим при вашите редовни прегледи и посета.

➡️Др. Билјана Гиговска како дел од тимот на Поликлиника Ложанковски е сертифицирана и обучена за изведување на ехо на дојки.

✅Препораките од светската здравствена организација велат дека е потребно еднаш годишно да се прави ехо на дојка и првата мамографија да се направи по навршување на 40та година од животот, оваа динамика може индивидуално да се менува зависно од анамнезата, семејната генетика и иследувања.

Кога размислувате на темата, помислете на вашите најблиски: ќерка, мајка, баба, сопруга, другарка…никој не е поштеден.

Со соодветна едукација, навремени контроли и ширење на свесноста кон убави и безгрижни животни мигови за вас и вашите најблиски.🌸

Животот е еден и бесценет, исто така и здравјето.💟

Секогаш тука за вас. Тимот на Др. Ложанковски 🫶

Споделете со пријатели:

Facebook
Twitter

Предходни објави