Поликлиника со специјалистички ординации по гинекологија и акушерство и биохемиска лабораторија

Закажи преглед

Овулација – главен настан во менструалниот циклус – Copy

Sekoj menstrualen ciklus po definicija se sostoi od dve fazi Folikularna i lutealna faza ,a pome|u tie dve fazi glaven nastan koj se slucuva e ovulacijata .Bilo koj drug tip na krvavewe  како крвавење после примена на контрацптивни пилули или разни пробојни крвавења кај ановултаорни циклуси не претставуваат вистински менструален циклус. Фоликуларната фаза е преовулаторна фаза во која се создава хормонот естрадиол ,а лутеалната фаза е постовулаторна  фаза во која се создава хормонот прогестерон.Фоликуларната фаза може да трае од седум до двесет и еден ден –најдолго до 32 дена кај тинејџери и таа е варијабилниот дел од менструалениот циклус.Додека лутеалната фаза е постојана со траење од 14 дена .Доколку се додаде варијабилната фоликуларна фаза  на фиксната лутеална фаза траењето на еден здрав менстраулен циклус е од 21 до 35 или 45 дена за тинејџери.

Доколку овулацијата отсуствува нема ниту лутеална фаза на менструален циклус ниту производство на хормонот прогестерон што би резултирало со обилни или долготрајни крвавења.Во ановулаторните циклуси има долга фоликуларна фаза и продукција на хормонот естроген и евентуално последично пробојно крвавење.

Други имиња за ановулаторен циклус се

  • Хормонски дисбаланс
  • Дисфункционално утерино крвавење
  • Овулаторна дисфункција
  • Неопониран естроген

Со тек на време доколку се чести ановулаторните циклуси може да доведат до задебелување на ендометриумот ,ендометријална хиперплазија или утерини полипи.

Што ги предизвикува ановулаторните циклуси?

-возраста тинејџерска доба

-ПЦОС полицистичен оваријален синдром

-високо ниво на пролактин

-хипоталамусна аменореа или потхранетост

-период на перименопауза

Како да знаете дека вашиот менструален циклус е ановулаторен?

    -Доколку вашиот менструален циклус трае подолго од 45 дена

    -Доколку вашиот менструален циклус трае пократко од 21 ден

   -Крвавење кое трае подолго од седум дена

Како да се третираат овулаторните циклуси?

Доколку изостануваат овулациите во вашиот менструален циклус решение би било да се утврди точната причина и последователно да се третира.

   Доколку основен проблем претставува високо ниво на пролактин со соодветна терапија и регулирање на вредностите би се воспоставиле и овулациите

   Доколку се утврди дека ПЦОС е основна причина потребно е да се утврди типот на ПЦОС и со соодветен третман да се воспостават овулациите

   Доколку причината е потхранетост во тој случај со соодветна балансирана храна богата со јагленхидрати во период од 6 месеци би се регулирале и овулациите.

И за крај крварењето кое настанува после примена на контрацептивни пилули не е менструалено крвавење туку  еден вид на пробојно крвавење кое настанува поради нагол пад на концентрацијата на однадвор внесените количини на  синтетски естроген и прогестерон.

Др.Марија Коцева ПЗУ Др Ложанковски

Споделете со пријатели:

Facebook
Twitter

Предходни објави