Со почетокот на октомври, официјално започнa глобалната кампањa за подигнување на свесностa за ракот на дојка, кој кај женската популација претставува најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт во светски рамки!
Илјадници жени годишно го губат животот од рак на дојка, а голем дел од нив можеме да ги сочуваме со самоедукација, редовни прегледи, препознавање на симптомите и навремена дијагноза и третман!
Драги наши пациентки, ви благодариме на вашата доверба и лојалност, но истовремено ве охрабруваме за сите ваши прашања и дилеми на темава да се консултирате со нашиот тим при вашите редовни прегледи и посета.
Др. Билјана Гиговска како дел од тимот на Поликлиника Ложанковски е сертифицирана и обучена за изведување на ехо на дојки.
Препораките од светската здравствена организација велат дека е потребно еднаш годишно да се прави ехо на дојка и првата мамографија да се направи по навршување на 40та година од животот, оваа динамика може индивидуално да се менува зависно од анамнезата, семејната генетика и иследувања.
Кога размислувате на темата, помислете на вашите најблиски: ќерка, мајка, баба, сопруга, другарка…никој не е поштеден.
Со соодветна едукација, навремени контроли и ширење на свесноста кон убави и безгрижни животни мигови за вас и вашите најблиски.
Животот е еден и бесценет, исто така и здравјето.
Секогаш тука за вас. Тимот на Др. Ложанковски