Бременоста како и мајчинството се периоди исполнети со предизвици во животот на една жена.

Знаеме колку е значајна припремата на мајката пред породувањето и прилагодувањето кон она што следи, мајчинството. За таа цел, организираме часови за психофизичка подготовка на трудниците во кои  трудницата се ослободува од стравот; се едуцира како до безболно породување со примена на техниките за дишење; се едуцира за негата и доењето на новороденото; добива совети за исхрана како во бременоста, така и за постпородилниот период.

Основните насоки на кои се насочени часовите се следни:

  • совети за правилна исхрана

  • припрема за безболно породување

  • психофизичка подготовка на трудници

  • масажа и техника на дишење на трудници

  • информации за текот на бременоста и породувањето

  • вежби соодветни за трудници за јакнење на абдоминалната мускулатура и подобра еластичност на родилните патишта со цел побезболно и полесно породување

  • консултација со гинеколог, педијатар и акушерка