DSC_0778

Тимот кој се грижи за здравјето на најмладата популација е целосно посветен во следењето на растот и развојот на здравите деца, како и дијагностиката и третманот на специфични и ретки педијатриски болести. Долгогодишото искуство на персоналот во оваа област е дополнето со постојано усовршување на своето знаење за најсовремените методи и насоки за дијагностика и третман.

Педијатриската ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ (ФЗОМ).

Амбулантна педијатрија

  • педијатриски преглед, консултација и дијагностика
  • спроведување на инхалаторна, парентерална, антибиотска и симптоматска терапија
  • дијагностика, превенирање и терапија на одредени деформитети
  • земање на материјал за испитување (крвни и микробиолошки анализи)
  • консултација и упатување кон други специјалности

Советувалиште за зрави деца

  • следење на психомоторен развој на новородени (навремено и предвремено родени) и доенчиња
  • редовни месечни прегледи и консултации
  • совети за раст и развој на детето
  • совети за доење и исхрана на доенчиња и доилки
  • контролен преглед пред поаѓање во колективна установа и спроведување на превентивни мерки кон одредени заболувања
  • мерење на подои, демонстрација и измолзување на дојки со најсовремена апаратура