Нашата лабораторија е опремена со најсовремена апаратура според највисоките светски стандарди. Во истата се применуваат методи за работа кои овозможуваат брз и точен резултат на лабораториските проби.

Освен секојдневната контрола на апаратурата за потврда на точноста на резултатите, нашата лабораторија следејќи ги светските трендови се приклучи кон програмата за надворешна контрола PREVECAL, која овозможува споредба на резултатите со огромен број лаборатории во светот. Затоа и со гордост го поседуваме сертификатот за надворешна контрола за 2016/2017/2018 година.

Грижата за здравјето на пациентите е наш најголем приоритет. Затоа секој резултат од пациент во нашата лабораторија е медицински евалуиран од специјалист по медицинска биохемија. Дополнително взаемната соработка на докторите од нашата поликлиника овозможува брза и навремена  интерпретација на лабораториските резултати за одредување на соодветна терапија или лекување.

Анализи кои се работат во лабораторијата се следните:

  • хематолошки анализи

  • биохемиски анализи

  • имунолошки анализи