DSC_0117

Нашиот тим е составен од искусни гинеколози кои користејќи најсовремена апаратура и методи имаат единствена цел – грижа за здравјето на жената, од најраната адолесценија до најдоцната старост. Постојаната надоградба во знаењето со посетување на  обуки и доедукации се уште една потврда во остварувањето на овие цели.

Д-р Марија Коцева и д-р Биљана Гиговска  имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ (ФЗОМ). Сите ординации работат со закажување на термин, со исклучок на итните случаи.

Амбулантна гинекологија

  • Гинеколошки преглед, консултација и дијагностика
  • Третман на гинеколошки заболувања
  • Земање на материјал за испитување (ПАП тест; микробрисеви; HPV типизација) и нивна евалуациja
  • 3D, 4D и колордоплер ултрасонографија за рана детекција на бенигни и малигни лезии на матката и јајниците
  • 2D, 4D ехо за детекција на направилности во внатрешноста на матката, при припрема на пациентите за ИВФ (инвитро фертилизација) и ЕТ (ембрио трансфер) протокол
  • Фоликулометрија и докажување на рана бременост
  • Абнормалности во малата карлица
  • Колпоскопски преглед за дијагностика на премалигни лезии на грлото на матката и вагината
  • Консултација и упатување кон други специјалности
  • Во соработка со рентген дијагностика, изработка на HCG – рентген техника за увид на промени во кавумот на матката и јајоводите
  • Kонсултација и упатување кон други специјалности

Мали хируршки интервенции

  • ендоцервикална и фракционирана киретажа во дијагностика на премалигни и малигни лезии на грлото и телото на матката
  • инцизија
  • биопсија
  • термокаутеризација на промени на грлото на матката, вагината и вулвата
  • отстранување на шилести кондиломи

Надзор на бременост

 

  • следење на нормална бременост, раст и развој на плодот, рана детекција на можни аномалии на плодот, мерење на нухална бразда значајна за детекција на Даунов синдром уште во првиот триместар
  • следење на ризична бременост, рана детекција на интраутерин застој во растот, Rh инкопатибилија, EPH гестози, како и гестациски дијабет (ОГТТ тест во сопствена лабораторија)
  • CTG (кардиотокографија co&nbsp) апарат за регистрирање на работата на срцето на плодот со истовремено следење на активноста на матката
  • психофизичка подготовка и советувалиште за трудници и доилки

Советувалиште за планирање на семејство

 

  • совети за репродуктивно здравје
  • дијагностика и третман на стерилитет (индукција и следење на овулација, припрема за ин витро фертилизација, хормонални тестови и спермограм со можност за испитување во сопствена лабораторија)
  • промоција на здравјето
  • заштита од сексуално преносливи болести